• среда, 04 декември 2024

Мобилизација на 6.000 полицајци и жандарми викендот за церемонијата на повторно отворање на Нотр Дам во Париз

Мобилизација на 6.000 полицајци и жандарми викендот за церемонијата на повторно отворање на Нотр Дам во Париз

Париз, 2 декември 2024 (МИА) - Шест илјади француски полицајци и жандарми ќе бидат распоредени за обезбедување на церемонијата на повторно отворање на катедралата Нотр Дам во Париз, соопштија локалните власти.

На церемонијата ќе присуствуваат 50 шефови на држави и влади.

Префектот на париската полиција Лоран Нуњез на прес-конференција рече дека во сабота и недела ќе бидат мобилизирани „6.000 луѓе (полицајци, жандарми)“, како за церемонијата на отворање на Олимписките игри на крајот на јули. паг/

Фото: МИА архива


  
 

Остани поврзан