• вторник, 24 декември 2024

МНР: Пронајдено безживотно тело на македонски државјанин во Бугарија, Амбасадата во комуникација со надлежните органи од кои се очекуваат повеќе информации

МНР: Пронајдено безживотно тело на македонски државјанин во Бугарија, Амбасадата во комуникација со надлежните органи од кои се очекуваат повеќе информации

Скопје, 28 април 2023 (МИА) - Според првични информации кои Амбасадата на Северна Македонија во Бугарија ги доби од надлежните институции на Република Бугарија, во текот на вчерашниот ден во Бугарија е пронајдено безживотно тело на И.Н. (49 години), државјанин на Република Северна Македонија.

Како што соопшти МНР, Амбасадата на Северна Македонија во Софија продолжува да биде во редовна комуникација со надлежните органи во Бугарија, од кои се очекуваат повеќе информации во врска со случајот и за текот на постапката за целосно расчистување на случајот, за што МНР дополнително ќе ја информира јавноста.

-Воедно Амбасадата останува на располагање на семејството на починатиот граѓанин за евентуални потреби, наведуваат од МНР.

Бугарската телевизија бТВ претходно, повикувајќи се на полицијата во Бургас, објави дека 14-годишник е приведен за убиство на македонски државјанин во Сончев Брег. 

Телото на жртвата било откриено вчера во шумска област до местото „Бачата“. Утврдено е дека станува збор за 49-годишен македонски државјанин кој влегол во Бугарија преку граничниот премин Ѓуешево на 24 јануари годинава. 

Во истрагата полицијата утврдила дека убиството го извршило 14-годишно момче од Несебар. Македонскиот државјанин бил претепан до смрт со кол, наведува бТВ повикувајќи се на полицијата во Бургас. нд/цр

Фото:МИА

Остани поврзан