• среда, 25 декември 2024

МНР: Одлуките на Комисијата за употреба на имиња не се насочени против уставното право на здружување, туку против контроверзните називи на здруженијата

МНР: Одлуките на Комисијата за употреба на имиња не се насочени против уставното право на здружување, туку против контроверзните називи на здруженијата

Скопје, 17 март 2023 (МИА) - Законот за здруженија и фондации, односно одлуките на Комисијата за употреба на имиња, уште еднаш би сакале да нагласиме дека не се насочени против уставно загарантираното право на здружување, туку против одлуките здруженијата да носат имиња на контраверзни личности, кои создаваат непријатност меѓу сите граѓани на земјата, соопшти МНР.

Во оваа смисла, како што наведуваат од МНР, Комисијата за употреба на имиња  носи мериторни одлуки согласно законските прописи и интенцијата да се зачува суштината на мултиетничкото општество.

-Министерството за надворешни работи активно соработува со здруженија и организации од невладиниот сектор и го поддржува нивниот ангажман, согласно постоечката законска рамка со која се уредува формирањето и делувањето на таквите здруженија. Уредувањето и општествените околности во Република Северна Македонија се меѓународно признаени како пример за тоа како треба да се заштитат малцинските права и да се негуваат различностите базирани на идентитетските колективни права, се наведува во соопштението.

Воедно, се додава, работата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија, од друга страна, ја има целосната поддршка на институциите на Република Северна Македонија, но нејзината работа не е поврзана со Законот за здруженија и фондации, односно условите под кои се формираат и делуваат здруженијата на граѓани.

-Северна Македонија има високо ниво на заштита и негување на правата и националните, јазични и културни особености на секоја заедница и тоа право не е ограничено, ниту би можело да се ограничи, подвлекуваат од МНР. вг/са/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан