• понеделник, 23 декември 2024

МНР на Узбекистан го повика рускиот амбасадор во земјата поради коментар на руски политичар

МНР на Узбекистан го повика рускиот амбасадор во земјата поради коментар на руски политичар

Ташкент, 22 декември 2023 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Узбекистан синоќа го повика рускиот амбасадор во земјата поради повикот на руски политичар за анексија на поранешната советска република, соопшти Министерството, пренесе БТА.

Рускиот националистички писател Захар Прилепин, копретседател на партијата „Праведна Русија за вистината“, оваа недела рече дека верува дека Русија треба да го анектира Узбекистан и други земји чии граѓани патуваат во Русија на работа.

Узбекистанското Министерство за надворешни работи синоќа му соопшти на рускиот амбасадор Олег Малгинов дека Ташкент е „длабоко вознемирен“ од „провокативните“ коментари. Малгинов изјави дека коментарите на Прилепин немаат никаква врска со официјалниот став на Кремљ, додаваат од одделот.

Милиони мигранти од поранешните советски републики во Централна Азија работат во Русија, а нивното присуство понекогаш води до економски и етнички тензии. Руската анексија на Крим, а потоа и на други области на Украина, предизвика загриженост кај некои поранешни советски републики. мс/

фото: МИА архива

Остани поврзан