• вторник, 24 декември 2024

МНР го осуди скрнавењето на споменикот во Охрид за жртвите на несреќата од бродот „Илинден“

МНР го осуди скрнавењето на споменикот во Охрид за жртвите на несреќата од бродот „Илинден“
Скопје, 27 ноември 2020 (МИА) - Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија најостро го осудува вандалскиот акт на скрнавење на споменикот во Охрид за жртвите на трагичната несреќа со бродот "Илинден", во која настрадаа бугарски туристи, на 5 септември 2009 година. -Надлежните служби се информирани и во најскоро време ќе го отклонат ова злодело на неодговорни и злонамерни поединци, за да можеме достоинствено да ја паметиме ова трагедија, наведуваат од Министерството за надворешни работи. Во соопштението се додава дека вратите на историскиот Охрид остануваат ширум отворени за сите туристи, а посебно се секогаш добредојдени нашите пријатели од соседна Бугарија.скс/

 

Остани поврзан