• четврток, 15 јануари 2026

Многу кандидати за наследник на бразилскиот селектор Тите 

Многу кандидати за наследник на бразилскиот селектор Тите 

Рио де Женеиро, 7 октомври 2022 (МИА) - Претседателот на Фудбалската федерација на Бразил, Едналдо Родригез, изјави дека Абел Фереира, Доривал Жуниор и Фернандо Диниз, се најсериозни кандидати за нов селектор на Кариоките, објавија денеска локалните медиуми. 

Актуелниот бразилски селектор Тите одлучи да се повлече од должноста по завршување на Мундијалот во Катар. 

- Бразилскиот фудбал има непресушен извор на фантастични тренери. Можам да потврдам дека кандидати за селектор се Фереира, Жуниор и Диниз, но не е фер да зборуваме само за нив и да ги заборавиме другите, бидејќи имаме уште барем најмалку 10 квалитетни кандидати, изјави Родригез. 

Тој најави дека наследникот на Тите ќе биде познат по Мундијалот во Катар. 

- Во моментов сме фокусирани на подготовките за Катар. Одлуката за наследникот на Тите ќе ја донесеме по завршувањето на Мундијалот, изјави првиот човек на бразилскиот фудбал. ег/ми/ 

Остани поврзан