• сабота, 23 ноември 2024

ММФ: Уделот на американскиот долар во глобалните девизни резерви на најниско ниво од 1995 година

ММФ: Уделот на американскиот долар во глобалните девизни резерви на најниско ниво од 1995 година
Вашингтон, 2 април 2021 (МИА) - Уделот на американскиот долар во глобалните девизни резерви падна во последниот квартал на 2020 година на најниско ниво во последните 25 години, според Меѓународниот монетарен фонд. Аналитичари велат дека падот делумно се должи на прилагодувањето на вредноста. Уделот на доларот во светските девизни резерви падна на 59 проценти во четвртиот квартал од 60,5 проценти во третиот квартал на 2020 година, продолжувајќи го трендот на опаѓање трет по ред квартал. Пред 25 години, во 1995 година, учеството на американската валута во вкупните светски резерви беше 58 проценти. Сепак, според ММФ, доларот има најголемо учество во девизните резерви на централните банки ширум светот. Аналитичарите велат дека девизните резерви на американски долар во светот достигнале врв од 7,0 трилиони долари во четвртиот квартал. Тие беа 6,93 трилиони долари во третиот квартал. Глобалните резерви во евра се зголемија за седум проценти на квартална основа, на 2,52 трилиони долари. Учеството на еврото во глобалните резерви во последните три месеци од минатата година беше 21,2 проценти наспроти 20,5 проценти во третиот квартал, што е највисоко ниво од 2014 година. Најголемо учество на еврото во светските девизни резерви, од 28 проценти, е забележано во 2009 година. паг/

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан