• понеделник, 23 декември 2024

ММФ: Години ќе бидат потребни за економско опоравување

ММФ: Години ќе бидат потребни за економско опоравување
Вашингтон,23 септември 2020 (МИА) - Кризата предизвикана од пандемијата на новиот коронавирус трае подолго отколку што се очекуваше. На некои држави ќе им требаат години пред нивните економии повторно да растат, изјави денеска првиот заменик директор на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Џефри Окамото. Тој на средбата во Центарот за стратешки и меѓународни студии во Вашингтон потсети дека Фондот издвоил 90 милијарди долари за итно финансирање на речиси 80 држави, но исто така продолжува да работи со земјите-членки за спречување на пандемијата и нејзините последици. - Ние сакаме да ја зачуваме својата финансиска моќ. Ќе бидат потребни неколку години да се вратиме на растот и на многу држави ќе им биде потребна поддршка на патот, нагласи Окамото. зш/

Остани поврзан