Младите македонски ракометари го стартуваа ЕХФ Шампионатот со реми против Украина
- Машката младинска ракометна репрезентација на Северна Македонија стартуваше со реми од 23:23 на ЕХФ шампионатот за младинци со селекцијата на Украина.

Варна, 7 јули 2022 (МИА) - Машката младинска ракометна репрезентација на Северна Македонија стартуваше со реми од 23:23 на ЕХФ шампионатот за младинци со селекцијата на Украина.
Нашата репрезентација успеа во финишот на дуелот да се врати во игра, дури и да поведе, а во последните секунди преку погодокот на Шулески стигна до реми и бод на почетокот од шампионатот.
Најдобар стрелец во нашите редови беше Шулески со шест гола, а по пет постигнаа Тодески и Иваноски.
Северна Македонија утре ќе се соочи со репрезентацијата на Косово од 18 часот. ар/ац/