Младите гевгеличани го избраа проектот за поставување смарт клупи во Општината како приоритетен
- Младите гевгеличани го избраа проектот за поставување на смарт клупи во Општината како приоротетен за реализација од страна на локалната самоуправа. Таквата одлука е донесена во рамки на вториот настан во рамки на Проектот на Агенцијата за млади и спорт за младинското учество и вклучувањето на младите во донесувањето одлуки на локално ниво во областа на животната средина и климатските промени, поддржан од УНИЦЕФ.
Гевгелија, 7 декември 2023 (МИА) - Младите гевгеличани го избраа проектот за поставување на смарт клупи во Општината како приоротетен за реализација од страна на локалната самоуправа. Таквата одлука е донесена во рамки на вториот настан во рамки на Проектот на Агенцијата за млади и спорт за младинското учество и вклучувањето на младите во донесувањето одлуки на локално ниво во областа на животната средина и климатските промени, поддржан од УНИЦЕФ.
Како што информираа од Општината, изборот на еко-решение, од страна на стручен експерт било презентирано идејното решение на проектот за поставување паметни смарт-клупи на подрачјето на општина Гевгелија, којшто Локалниот младински совет на Општина Гевгелија и младите членови во младинските организации го избрале како приоритетен.
На настанот, покрај претставниците на АМС и УНИЦЕФ, присуствувале и членови на Советот на Општина Гевгелија, членови на Локалниот младински совет и Локалното младинско собрание на Општина Гевгелија, претставници на локалната самоуправа, институции надлежни за животната средина и невладин сектор.
Целта на Проектот на АМС, поддржан од УНИЦЕФ, во којшто е вклучена и Општина Гевгелија заедно со Општините Велес и Берово, е да се подигне свеста кај младите за младинското учество и вклучувањето во донесувањето одлуки на локално ниво- како во областа на животната средина, така и во другите области за коишто се надлежни локалните самоуправи со доставување предлози, идеи и иницијативи и нивна реализација. рт/дма/
Фото: Општина Гевгелија