• сабота, 06 декември 2025

Младинците на Работнички на мегдан со Шелбурн во младинската ЛШ

Младинците на Работнички на мегдан со Шелбурн во младинската ЛШ

Даблин, 17.септември 2025 (МИА) – Младинскиот погон на Работнички вечерва игра натпревар од младинската Лига на шампиони. Македонскиот претставник во ова натпреварување гостува кај екипата на Шелбурн од Република Ирска. Екипата на Работнички одржа и тренинг во пресрет на вечерашниот дуел.

Ова ќе биде седмо учество за македонски тим во квалификациите од ова натпреварување, а досега учество имаа екипите на Вардар, Шкендија, Победа и Брера Струмица.

Натпреварот Шелбурн – Работнички се игра на Толка Парк вечерва со почеток во 20:45 часот. Реванш дуелот ќе се одигра на 1.октомври во Скопје. мн/

Фото: Фејсбук ФК Работнички

Остани поврзан