• недела, 21 јули 2024

Младинска дружба на „Културно лето во МОФ“  

Младинска дружба на „Културно лето во МОФ“  
Скопје, 6 август 2021 (МИА) - Младински образовен форум и Радио МОФ организираат младинска дружба со диџеј сет на К-Р-К, која е дел од „Културно лето во МОФ - Cult+Alt+Repat“. -Диџеј сетот започнува во петок со почеток во 19:30 часот во дворот на Младински образовен форум. На настанот присутните ќе имаат прилика да слушаат селектирана музика од диџеј К-Р-К. Тој има настапувано на многу локации низ нашите простори - АМОК радио, Нудс радио, како и Shortbus. Секаде каде што настапува, остава културен белег и печат за понатамошно развивање и делување помеѓу музичките лавиринти, најавија од МОФ. Целта на Културното лето, како што дополнуваат, е младите низ повеќе настани да имаат прилика да се социјализираат, меѓусебно да се запознаат, да слушаат квалитетна музика од домашни артисти, да научат да цртаат, да дизајнираат на некоја дигитална алатка, да креираат уметност со примена на реупотреблив дизајн, да проследат актуелен филм, да се опуштат со јога. Преку „Cult+Alt+Repeat“, МОФ и Радио МОФ се стремат да го подигнат нивото на информираност на младите, да обезбедат простор за младинска и културно дружба и активизам.свс/лв/

Остани поврзан