• сабота, 23 ноември 2024

МКЦ-Битола јубилејно, по 10. пат, ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот

МКЦ-Битола јубилејно, по 10. пат, ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот

Скопје, 30 април 2024 (МИА) - Младинскиот културен центар – Битола (официјален младински клуб на УНЕСКО) со два концерта ќе го одбележи Меѓународниот ден на џезот.

Првиот концерт е на „Син пустиње“ (Синот на пустината), поетско-музичка авантура на двајца уметници од Сараево (БиХ), поетот и прозаист Ахмед Буриќ, на кој му се придружува пејачот, инструменталист и истражувач на Севдах Дамир Имамовиќ. Во проектот се познатиот гитарист Тони Китановски (МКД) и Иван Михајловиќ (СРБ) на бас.

Во проектот се работи за искуството и интерпретацијата на музиката и поезијата која ги сумира различните интереси и вештини на уметниците кои досега ги познававме од другите жанрови. На концертот Буриќ, Имамовиќ, Китановски и Михајловиќ изведуваат дванаесеттина песни од нивниот прв албум, како и некои други ставки кои на изведбата во живо му даваат комплетна форма и атмосфера. На турнеите и концертите во Умаг, Копер, Нови Место, Копенхаген, Љубљана, Сараево, Подгорица, Кршко, Сежана, во интимни, театарски простори, публиката не криеше дека е воодушевени од оваа, за нашите краишта, нешто понова форма. на изразување, но може да се каже – класичен, во однос на начинот на создавање и презентација.

Во рамки на Денот, мастерклас ќе одржи гитаристот Тони Китановски. Темата на Мастеркласот ќе биде „Џез – музика на човековиот род“.

Настаните се организираат во партнерство со Порта Џез и со финансиска поддршка на Министерството за култура и Општина Битола, а влезот за настаните е бесплатен.. мч/аа/

фото: МКЦ - Битола

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан