• петок, 05 декември 2025

МКФ: Спортот обединува, не дели

МКФ: Спортот обединува, не дели

Скопје, 3 август 2025 (МИА) - Раководството на Македонската кошаркарска федерација се оградува и го осудува непримерното и националистичко однесување на мал дел од навивачите на натпреварот Македонија - Романија, одигран вчеравечер во Куманово.

-Таквите постапки не го претставуваат духот, вредностите и идентитетот на нашата федерација, ниту го отсликуваат мнозинството од нашите навивачи, кои секогаш ќе бидат пример за спортска култура и поддршка. Националистички пароли, говор на омраза и поттикнување нетрпеливост немаат место ниту на трибините, ниту во спортот воопшто. Ги повикуваме сите навивачи да се воздржат од слични постапки во иднина и да дадат свој придонес во создавање на позитивна, безбедна и инклузивна атмосфера на стадионите и салите. 
Истовремено, секогаш ќе соработуваме со надлежните институции за идентификација на инволвираните лица како во иднина не би се случувале вакви изолирани настани. Жалиме што еден таков настан, кој од домаќински и организациски аспект доби највисоки пофалби, сепак од една занемарлива структура на не/навивачи се искористи за  НЕСПОРТСКИ потреби. Повторуваме: спортот обединува – не дели. Нашата заедничка цел е фер натпревар, меѓусебна почит и достоинствено претставување на нашите бои, стои во соопштението на федерацијата.

Натпреварот Македонија – Романија заврши со победа на гостите од 80:72. зс/

Фото: МКФ

Остани поврзан