• понеделник, 23 декември 2024

МКС обвини двајца руски високи офицери за воени злосторства

МКС обвини двајца руски високи офицери за воени злосторства

Хаг, 5 март 2024 (МИА) - Меѓународниот кривичен суд (МКС) денеска издаде налози за апсење на двајца високи руски команданти, Сергеј Иванович Кобилаш и Виктор Николаевич Соколов, под обвинение дека извршиле воени злосторства во периодот од 10 октомври 2022 година и 9 март 2023 година.

„Генерал полковникот Сергеј Кобилаш, кој своевремено беше командант на воздушните сили и адмирал Виктор Соколов, кој беше командант на Црноморската флота, се одговорни за военото злосторство- напади врз цивилни објекти и военото злосторства - предизвикување прекумерна штета на цивили или на цивилни објекти“, се наведува во соопштението на МКС.

Од МКС додава дека двајцата се товарат и за злосторства против човештвото.

„Советот за претходна постапка заклучи дека постојат причини да се верува дека наводните напади биле насочени кон цивилни објекти, додека за оние објекти кои би можеле да се квалификуваат како воени цели во соодветното време, очекуваната случајна штета и штета на цивилите била очигледно прекумерна. во однос на предвидената воена предност“, соопштуваат од МКС. сд/

Остани поврзан