Мишел ја обвини Русија за „застрашувачкиот“ напад на железничка станица во Украина

Киев, 8 април 2022 (МИА) - Шефот на Советот на ЕУ, Шарл Мишел ја обвини Русија за „застрашувачкиот“ ракетен напад на железничка станица во источниот украински град Краматорск.
„Ужасно е да се види како Русија удира на една од главните станици што ја користат цивилите кои го евакуираат регионот каде Русија го засилува својот напад“, напиша Мишел на Твитер.
Нападот го осуди и шефот на дипломатијата на Европската Унија, Жозеп Борел.
„Силно го осудувам нападот од утринава...од страна на Русија“, објави Борел на социјалната мрежа. бд/