• понеделник, 23 декември 2024

Мишел: ЕУ ќе се ангажира за надминување на кризата во БиХ

Мишел: ЕУ ќе се ангажира за надминување на кризата во БиХ
Брисел, 25 март 2022 (МИА) - Лидерите на Европска Унија денеска се договорија да се ангажираат за стабилизирање на ситуацијата во Босна и Херцеговина, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел. Тој додаде дека „лидерите во БиХ мора да покажат силна одлучност за спроведување на уставните и изборните реформи, кои се од витално значење за стабилноста и целосното функционирање на земјата“. Лидерите на ЕУ исто така, побараа од босанските политичарите да ги „поддржат приоритетни реформи“ со цел земјата може да добие кандидатски статус. ми/

Тагови

Остани поврзан