• вторник, 24 декември 2024

Мишел: Донесени се важни одлуки, ЕУ е на добар пат

Мишел: Донесени се важни одлуки, ЕУ е на добар пат
Брисел,  11 декември 2020 (МИА) - Претседателот на Европски совет, Шарл Мишел оцени дека маратонскиот Самит на Европска Унија, што во Брисел траеше  непрекинато 20 часа, донел големи чекори за ЕУ во многу области. - Ова беше важен состанок на крајот на невообичаената година во која се се смени. Овој Европски совет беше можност да покажеме дека можеме да работиме заедно на мирен и самоуверен начин и да се осигураме дека ЕУ ќе се врати на добар пат, посочи Мишел. Тој му се заблагодарти на германската канцеларка Ангела Меркел за нејзините заложби да дојде до имплеменатација на повеќегодишната заедничка финансиска рамка, што ќе и помогне на ЕУ да ги надмина последиците предизвикани од пандемијата со Ковид-19. - Сега кога ЕУсега имаме буџет и фонд за обнова и можеме да ја спорведеме зелената и дигитална транзиција, да ги поддржиме фирмите и граѓаните врз кои Ковид-19 влијаеше како голем шок, истакна Мишел. Тој како следен чекор го најави обезбедувањето на рамномерна дистрибуција на вакцината ширум Европа и во светот. Претсдатлот на ЕС како најважен дел на Самитот на ЕУ ги посочи преговорите за климата. - Намалувањето на емисиите на штетни гасови за 55 проценти до 2030 година е кредибилна цел, која на ЕУ и ја дава водечката улога во светот во заштита на климата, посочи Мишел. Тој ги повика и другите држави да се приклучат кон иницијативата. Мишел се осврна и  на односите помеѓу ЕУ и САД, истакнувајќи оти целта е да се развие сеопфатно „амбициозно сојузништво“ со пријателската земја, со која делат исти принципи и вредности. Додека односите со Турција ги оцени како „комплицирано прашање“ каде се бранат европските геополитички интереси. - Имавме две опции, ја проценивме ситуацијата и ги гледате заклучоците, посочи Мишел. ми/

Тагови

Остани поврзан