• вторник, 24 декември 2024

Мишел го повика Путин да го ослободи Алексеј Навални

Мишел го повика Путин да го ослободи Алексеј Навални
Брисел, 22 јануари 2021 (МИА) - Претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, во денешниот телефонски разговор со претседателот на Русија, Владимир Путин, повика на итно ослободување на опозицискиот лидер Алексеј Навални. Мишел на својот профил на Твитер напиша дека му го повторил на Путин „единствениот став на ЕУ“ кој го осудува притворот на Навални и бара негово ослободување. „Русија мора итно и целосно транспарентно да спроведе истрага за обидот за атентат врз Навални“, напиша Мишел. Во соопштението на Европскиот совет се додава дека Мишел го информирал Путин за намерата на лидерот на ЕУ да одржи дебата за стратешките односи со Русија на следниот самит. Се додава дека за време на разговорите меѓу двајцата лидери, дискутирано е и за борбата против пандемијата на Ковид-19 и зајакнувањето на глобалниот мир и безбедност. паг/    

Тагови

Остани поврзан