• среда, 27 ноември 2024

Мицкоски: Лидерска средба за корнавирусот в четврток

Мицкоски: Лидерска средба за корнавирусот в четврток
Скопје, 10 март 2020 (МИА) -  Лидерска средба за состојбата со коронавирусот ќе се одржи в четврток во 13 часот,  информира вечерва лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, по седницата на Централниот комитет на која беа објавени кандидатите за пратеници и носителите на листите за претстојните предвремени парламентарни избори. Тој рече дека не знае во кој состав ќе биде лидерската средба, а на која најави дека ќе биде придружуван со некој од сопартијците кои се одговорни за ресорот здравство. Претходно од Владата брифираа дека планираат средба со сите политички субјекти во однос на состојбата со коронавирусот и порачаа таа да не се користи за политичко профитерство. Во државава се регистрирани седум позитивни случаи со коронавирус, а Владата денеска донесе заострени мерки и препораки, меѓу кои и 14 дневен прекин на наставата во училиштата, како и згрижувањето на децата во градинките. лв/бт/

Остани поврзан