• сабота, 23 ноември 2024

Мицкоски: За навредите и заканите на Стевче Јакимовски кон Чомовски, обратете му се нему

Мицкоски: За навредите и заканите на Стевче Јакимовски кон Чомовски, обратете му се нему
Скопје, 28 март 2020 (МИА) -Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на новинарско прашање дали ќе се огради и ќе ги осуди изјавите на коалицискиот партнер Стевче Јакимовски, по наведите и заканите упатени кон новинарот Горазд Чомовски преку „Фејсбук“, рече дека за тоа треба да се обаратат на Јакимовски. -Она што успеав да го прочитам по медиумите најдобро би било да се побара изјава од господинот Стевчо Јакимовски, претпоставувам ќе има што да каже како одговор на прашањето на Саше Ивановски. Но она што беше дел од тие осум минути што беа прикажани на една телевизија а е поврзано со интервјуто што го дадов на новинарот Чомовски, само би кажал граѓаните да бидат трпеливи и да ги поканам во текот на утрешниот ден кога ќе се емитува тоа интервју да го следат до крај и ќе добијат одговор на многу прашања, изјави Мицкоски. Тој ги демантира, како што рече, оние лажни вести каде што провладините медиуми по нарачка едногласно веднаш оркестрирани испорачаа една вест дека го напуштил интервјуто. -Би сакал оваа прилика да ја искористам и да дадам одговор и на таа лажна вест. Навистина е предизвикувачки да се даде интервју и да се разговара со новинарот Чомовски, но ниту па некогаш ми паднало на памет ниту пак во иднина ќе ми падне на памет да напуштам било каков интервју. Затоа што тоа е единствен начин во услови на тешка опозиција и единствен прозорец во јавноста, како лидер на ВМРО-ДПМНЕ, да ги соопштам ставовите поврзани со актуелните политики во државата и ја користам секоја можност тоа да го направам. Така што навистина бев непријатно изненаден од таканаречените новинарски пера кои што лиферуваа лажна вест преку провладините портали па истата подоцна беше демантирана од самиот новинар, рече Мицкоски, кој уште еднаш ги повикувам сите да го проследат интервјуто кое ќе се емитува во текот на утрешниот ден. ир/ац/

Остани поврзан