• вторник, 24 декември 2024

Мицкоски: Август и септември е најдобар период за одржување избори, затоа што тогаш е најбезбедно за здравјето на граѓаните

Мицкоски: Август и септември е најдобар период за одржување избори, затоа што тогаш е најбезбедно за здравјето на граѓаните
Скопје, 25 мај 2020 (МИА) - Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски смета дека крајот на август и почетокот на септември би бил добар период за одржување избори од позиција на заштита на здравјето на граѓаните. Мицкоски вечерва во емисија на телевизија Клан, образложил дека кај СДСМ мислењето е поинаку. - Тие ценат дека нивниот министер за здравство има определена симпатија од кај граѓаните и со тоа мислат ќе добијат поголема поддршка од граѓаните. Но има и определена група на граѓани кои нема да излезат од страв од корона вирусот но и бидејќи се разочарани од оваа власт која ветуваше многу, но не исполни ништо, рекол меѓу другото Мицкоски, соопштија од ВМРО - ДПМНЕ. цр/  

Остани поврзан