• четврток, 05 март 2026

Мицкоски: Состојбата е под контрола, залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат

Мицкоски: Состојбата е под контрола, залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат

Скопје, 5 март 2026 (МИА) - Нема простор за загриженост, состојбата е целосно под контрола. Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат, објави премиерот Христијан Мицкоски по средбата со претставници на нафтената индустрија во државата со кои разговарал за  актуелната состојба со нафтените деривати.

-Разговаравме за актуелната состојба со нафтените деривати, имајќи ја предвид кризата на Блискиот Исток и глобалните предизвици во оваа индустрија. Заклучивме дека нема простор за загриженост и дека состојбата е целосно под контрола. Залихи на горива има и нафтените потреби целосно се задоволуваат, објави претседателот на Владата на Фејсбук. 

Во објавата на неговиот фејсбук-профил, премиерот Мицкоски напиша дека состојбата и натаму будно ќе се следи. 

-Ќе продолжиме будно да ја следиме состојбата и ќе реагираме во зависност од реалните потреби, додаде претседателот ан Владата. хс/вј/

Фото: ФБ Христијан Мицкоски 

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан