• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски: СДСМ го враќа пензискиот модел на ВМРО-ДПМНЕ

Мицкоски: СДСМ го враќа пензискиот модел на ВМРО-ДПМНЕ
Штип, 5 март 2022 (МИА) - Со најавеното покачување на пензиите, што се претставува како некој иновативен „швајцарски модел“, власта сега се обидува да го санира она што пред три години „им го украдоа на пензионерите“, порача денеска од Штип претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. - Тоа е практично Законот од пред 2018 година, кој што го укинаа, кога донесоа Закон со кој им ги намалија пензиите на пензионерите, и сега се обидуваат со некакви трикови да претставуваат „швајцарски модели“, во кои нема ништо швајцарско, изјави Мицкоски, додавајќи дека тоа е моделот што важел пред 21 декември 2018 година. Мицкоски рече дека ВМРО-ДПМНЕ во Собранието поднела „вистинска мерка за покачување на стандардот на пензионерите и пензиите“, но таа не бела прифатена од власта, за сега, според него, преку некој трикови да се обидува да претстават некаков швајцарски модел. Според него, со новата мерка нема зголемување на пензиите, туку  се враќа моделот што беше укинат, „без да се вратат парите кои им се земени на пензионерите овие три и пол години“. вдј/сп/

Остани поврзан