Мицкоски: Посветено работиме за подобрување на образовниот процес, учениците од ООУ „Наум Охридски“ добија училишна сала
- Претседателот на Владата Христијан Мицковски денеска присуствуваше на отворање на нова училишна сала во ООУ „Наум Охридски“ во населеното место Булачани, Општина Гази Баба.
Скопје, 24 ноември 2024 (МИА) - Претседателот на Владата Христијан Мицковски денеска присуствуваше на отворање на нова училишна сала во ООУ „Наум Охридски“ во населеното место Булачани, Општина Гази Баба.
- За мене денеска ова претставува посебно задоволство што сум овде во Општина Гази Баба, во ова населено место бидејќи тука започнавме практично и го поставивме камен темелникот пред неколку месеци, а сега можеме да видиме како овој прекрасен објект се пушта во употреба, рече премиерот Мицкоски.
Тој посочи дека со ова е решен децениски проблем и околу 200 деца сега своите часови по физичка активност, по физичкото образование нема да мораат да ги вршат надвор, туку ќе имаат своја сопствена сала.
- Така што, навистина претставува задоволство и му честитам на градоначалникот за посветеноста, на советниците, администрацијата во Општина Гази Баба којашто ја поддржува работата на градоначалникот, пратениците во македонското Собрание и ценам дека кога вака една хомогенизирана група заедно работи нема како, а да нема резултати, истакна Мицкоски.
Тој рече деке задоволството на граѓаните е огромно, но, за Владата и локалната самоуправа, уште позначајно е задоволството на најмладите, на децата кои добија репрезентативен објект со европски услови.
- Јас би посакал уште многу вакви објекти да никнуваат ширум целата држава, нагласи Мицкоски. ир/вј/
Фото: Влада