• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски очекува извештајот на ЕК за напредокот на државата да биде сличен како минатогодишниот

Мицкоски очекува извештајот на ЕК за напредокот на државата да биде сличен како минатогодишниот

Скопје, 30 октомври 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски очекува извештајот на Европската комисија за напредокот на земјата, што треба да биде објавен денеска, да биде сличен како и претходниот извештај со одредени подобрувања во некои области. 

Во изјава за медиумите дадена денеска во општина Ѓорче Петров, премиерот рече дека ќе даде свое мислење за извештајот откако тој ќе биде објавен. 

- Од овој извештај од тоа што можам да го добијам како неофицијална информација опфаќа период од 10 месеци од претходната влада и техничката влада, два месеци од оваа Влада и е нешто помал бидејќи е променет форматот за да биде прегледен за граѓаните и за јавноста. Очекувам да биде нешто слично како и минатиот извештај, можеби во некои области да има некакви подобрувања, но да го добиеме и официјално, па ќе го коментираме, рече Мицкоски. бак/са/

Фото: МИА

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан