• среда, 27 ноември 2024

Мицкоски од Велес: Политичарите треба да се подготвени да се борат за својот народ

Мицкоски од Велес: Политичарите треба да се подготвени да се борат за својот народ
Велес, 9 октомври 2021 (МИА) - Политичарите треба да се огледало на народот. Треба да се луѓе со доблест, чест, подготвени да водат и да се борат за сопствениот народ. Луѓе чиј збор вреди и кои знаат што зборуваат и што прават, истакна вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на предизборниот митинг во Велес.
За неговиот политички опонент, лидерот на СДСМ Зоран Заев, рече дека од него не може да се очекува дека ќе ја внесе земјата во Европската унија.
- Секој октомври ни вели ноември ќе биде, а во ноември дека ќе биде декември и така 52 месеца или години по ред затоа што реалноста е дека со Заев нема ЕУ и од овој човек ништо не можете да очекувате, никакви резултати, рече Мицкоски.
Упати критики до Заев и за тоа што од Самитот на ЕУ донел само, како што рече, поздрави од Меркел и Макрон, додека бугарскиот премиер Борко Борисов од еден таков самит на ЕУ донел 38 милијарди евра помош за Бугарија.
- Заев пред некој ден кога дојде од Самитот на ЕУ се пофали дека иако нема датум, ни пренесува поздрави од Макрон и Меркел. Се сеќавам кога тогашниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов се врати од еден таков состанок на ЕУ и однесе вест во бугарија дека донел ни помалку, ни повеќе, туку 38 милијарди евра помош, рече Мицкоски. ад/бак/
 
 

Остани поврзан