• четврток, 06 март 2025

Мицкоски: Не се сретнав со Груевски во Будимпешта, но средби одржувале поранешни функционери на СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Не се сретнав со Груевски во Будимпешта, но средби одржувале поранешни функционери на СДСМ и ДУИ

Скопје, 5 март 2025 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека за време на престојот во Будимпешта, каде се одржа меѓувладина седница, изјави дека не се сретнал со поранешниот премиер Никола Груевски, но дека средби остварувале поранешни функционери на СДСМ и ДУИ.

Тој одговарајќи на новинарско прашање за тоа дали се сретнал со Груевски во Будимпешта, но и за придобивките кои ги има земјава од заедничката седница и посетата таму, рече дека таква средба немало, а доколку има јавноста ќе биде информирана, бидејќи води транспарентна политика.

-Во Будимпешта не се сретнав во Никола Груевски, но доколку се сретнам ќе бидете информирани затоа што јас водам политика на принципот вистината е најточна. Верувајте, секогаш кога нешто ќе се случи јас тоа го кажувам и немам што да кријам, но исто така во име на таа вистина можам да потврдам, а многу скоро и со докази дека голем дел од функционерите на поранешната владина коалиција СДСМ и ДУИ, во Будимпешта се среќавале со Никола Груевски, и притоа не дадоа искрен одговор, нагласи Мицкоски за време на денешната посета на Општина Илинден.

Оценувајќи ја поволноста на средствата во висина од една милијарда евра што во земјава пристигна од Унгарија рече дека оваа Влада работи домаќински и одговорно. 

Мицкоски, потврди дека со средствата од унгарската линија, долгот на државата е намален за три проценти.

-Од Унгарија пристигна една милијарда евра и од таа една милијарда, 500 милиони евра се искористени за враќање на долг, обврзница земена во 2018 година. Денес кога ќе го видите статусот на долгот на државата, ќе видите дека тој е 58,2 проценти и за повеќе од 3 проценти е намален. Така работи оваа Влада, домаќински и одговорно. Од останатите 500 милиони евра, 250 милиони евра се вложени во проекти низ цела територија на државата, а 250 милиони евра се во бизнисот, но за жал мора да кажам интересот до овој момент е за 380 милиони евра. Значи имало проекти, не дека немало проекти, туку можеби требало да има евтини пари за да тие проекти се реализираат, а тие проекти ќе донесат многу повеќе работни места. Кога разговаравме со Стопанските комори поставивме цел од 5000 нови работни места, но моите информации велат дека таа бројка е дуплирана со овие 380 милиони евра од унгарската линија и очекувам таа бројка да дојде до половина милијарда што за мене предизвикува повторно предизвик и инспирација да побарам нови вакви средства за бизнисот бидејќи очигледно е дека бизнисот е гладен, сака свежи пари, сака евтини пари за да може да се развива, да додава вредност и да креира нови работни места и младите да не биде како досега, да ги полнат автобусите и да се селат, туку да ги полнат автобусите од таму каде што се иселени и да се враќаат дома, насекаде во Македонија, истакна Мицкоски. мт/ац/

Фото: МИА архива/Влада

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан