• сабота, 23 ноември 2024

Мицкоски најавува собирање 150 илјади потписи за референдум

Мицкоски најавува собирање 150 илјади потписи за референдум

Скопје, 17 јули 2022 (МИА) - Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски најави собирање 150 илјади потписи за референдум за, како што рече „да ја собориме бугаризацијата и асимилацијата“.

-Продолжуваме и понатаму да се бориме, нема застанување. Периодов кој што е пред нас, практично овие недела две планирам да излезам со предлог пред ИК на партијата да ја разгледаме можноста за референдумско изјаснување со собирање на 150.000 потписи, изјави Мицкоски денеска во гостување во централниот дневник на Сител телевизија.

Мицкоски додаде дека граѓаните треба да излезат на референдум и да се изјаснат дали ја поддржуваат или не капитулацијата на Владата.

-И ценам дека граѓаните треба да си го дадат своето мислење односно треба да излезат на референдум и да кажат дали се „за“ или „не се за“ овие измени кои што Владата ги потпиша после овој дипломатски нокаут и капитулација. Но, да излеземе најпрвин како партија со став, па тогаш ќе има повеќе детали јавноста, рече Мицкоски.

Тој посочи дека тоа е следната иницијатива која што планира да ја предложи на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-Да отпочнеме иницијатива за собирање на 150.000 потписи и да направиме референдумско изјаснување на граѓаните, нагласи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ги повика граѓаните дека треба да се обединат против лошите политики на власта и додаде дека тоашто го потпишал Османи денеска не значи дека се е завршено. ац/

Остани поврзан