• вторник, 24 декември 2024

Мицкоски му порача на Заев дека бизнисот бара предвидлива економска и фискална политика

Мицкоски му порача на Заев дека бизнисот бара предвидлива економска и фискална политика
Скопје, 28 февруари 2020 (МИА) -   Критики за  резултатите на власта во економијата,  за погрешна даночната политика, како и дека е слаба реализацијата на странските и капиталните инвестиции, упати лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски до неговиот опонент од СДСМ Зоран Заев во вечерашното телевизиско соочување на ТВ Канал 5.
Мицкоски забележа дека се собрани за пет проценти помалку даноци, што беше негирано од  страна на Заев кој наведе дека приходите од даноците се поголеми за 7,4 проценти.
Заев појасни дека го одложиле прогресивното оданочување на три години и оти по тоа прашање ќе се постават според тоа како ќе се одвива нашата конкурентност, на што Мицкоски му одговори дека власта водела комплетно погрешна даночна политика и оти во февруари ќе се види што значи за стопанството враќањето на старото  решение односно рамниот данок.
  Како што нагласи Мицкоски, странските инвестиции за кои Заев рече дека во 2018 година изнесуваа 624 милиони евра сега се намалени на 290 милиони евра, односно за двапати помалку. -Сите состаноци што ги имаме со бизнис заедницата завршуваат со еден наратив - ве молиме да имаме предвидлива законска и фискална политика, рече Мицкоски, забалежувајќи му на Заев дека менувал даноци преку ноќ.
Заев ги претстави резултатите на Владата и истакна дека го зголемила економскиот раст од -1,8  процентина  3,6 отсто. - Денеска вложуваме во народот во иднината и сите тие вложувања ја зголемува просечната плата за над 4.000 денари, а минималната плата за 5.500 денари. Ние не фрламе пари за споменици туку за граѓаните, рече Заев.
Овен раст на платите, дополни, ги намалуваме и трошоците преку укинување на радиодифузната такса, со евтината тарифа на струјата, преку намалување на трошоците, но и директно враќаме пари кај граѓаните преку мерката Мој ДДВ.
Тие спореа и околу реализацијата на проектите во патната инфраструктура и обезбедувањето финансии, при што Мицкоски забележа дека капитаните инвестици имаат историски рекордно најниско ниво, а Заев вети изградба на 800 километри патишта со сопствени пари на државата и со кредити од ЕБОР и Светска банка. лв/
         

Остани поврзан