• понеделник, 23 декември 2024

Мицкоски и Ласовска на првата Регионална женска политичка академија во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“

Мицкоски и Ласовска на првата Регионална женска политичка академија во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“
Скопје, 6 март 2020  Интегрален текст од изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на првата Регионална женска политичка академија во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“. - Јас сакам еве и од мое име да се заблагодарам на Конрад Аденауер Фондацијата, да се заблагодарам на Дорис Пак, претседателката на Унија на жени на Европската Народна Партија. Што имаме оваа можност да овие два дена поминеме заедно, да поразговараме околу можните политики кои што во иднина ВМРО-ДПМНЕ се разбира, Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ било добро да ги имплементира во делокругот на своето работење. Секое искуство е добредојдено, ова искуство за нас е многу значајно бидејќи на овој начин не само што учиме туку и нашите би рекол организатори на овој настан Фондацијата Конрад Аденауер и Дорис Пак можат да научат и нешто за нашиот менталитет, за нашиот сентимент, за она што сме ние. И секогаш е добро кога можете да се претставите во она светло кое што можеби луѓето немале можност претходно да ве гледаат. Затоа овие настани се исклучително значајни за сите нас, за сите вас кои што сте овде. Покрај тоа што учите, покрај тоа што учиме да имаме и можност да се претставиме во подобро светло пред луѓето кои што се денеска со нас, а не се од Македонија. Она кое што мислам дека е важно да се истакне е фактот дека Конрад Аденауер Фондацијата практично долго време е заедно со ВМРО-ДПМНЕ вклучително и оној последен би рекол тим билдинг кој што го имавме минатиот викенд во Охрид и ја користам оваа прилика еве од мое лично име и од името на партијата повторно да се заблагодарам до Конрад Аденауер фондацијата. Навистина беше прекрасен викенд присутните можеа да научат некои нови техники на водење на кампања што е исклучително значајно за нас имајќи предвид дека за помалку од 35-37 дена од денеска ќе биде денот кога граѓаните на оваа држава ќе одлучуваат за иднината дали ќе останат заглавени во минатото, во криминалот, во корупцијата, понижувањето, омаловажувањата кои што за жал нашиот политички противник ги има во изобилие во начинот на водење на неговите политики. Или ќе се практично определат за обновата на земјата, за надежта, за квалитетот и честитоста која што ние ќе ја понудиме на следните парламентарни избори. Така што изминатиот викенд навистина беше многу корисен за сите тие кои што беа таму присутни. И доста можевме да научиме за некои нови техники, нови пристапи посебно во делот на комуникацијата со гласачите. Нема да должам бидејќи тука се и луѓето од медиумите за да не одземам повеќе време ќе зборувам можеби понатаму малку повеќе на таа тема. Сосема на крај ќе ми дозволите уште еднаш да се заблагодарам на можноста, на напорот кој што се вложува од страна на Конрад Аденауер Фондацијата и поддршката која што ја дава на ВМРО-ДПМНЕ, на структурите на ВМРО-ДПМНЕ. И апелирам да во иднина продолжиме со иста динамика, зошто тоа да не биде и уште повеќе зачестена. Така што на присутните тука им посакувам пријатни и убави два дена, не само на тие кои што се од нашата земја туку и на гостите кои што се од земјите на соседството, да работиме заедно и да учиме едни за други, затоа што така можеме да се поддржуваме повеќе. Интегрален текст од изјава на претседателката на Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска на првата Регионална женска политичка академија во организација на фондацијата „Конрад Аденауер“. -Почитувана Дорис, Почитуван Норберт, Почитуван претседателе, Почитувани дами од регионот, Почитувани мои сопартијки, Почитувани медиуми, Навистина ми е драго денеска што се гледаме тука, што успеавме благодарејќи на нашето членство кое што се случи минатата година во Европската Народна Партија, благодарејќи на нашата почитувана Дорис Пак. Тогаш разговаравме што ние заедно со фондацијата „Конрад Аденауер“ која што е фондација која навистина не поддржува и сакам да ја изразам мојата огромна благодарност до нив што ние можеме во Македонија да направиме и дали можеме да почнеме некакви регионални активности секако госпоѓата Дорис и луѓето задолжени за нас од „Конрад Аденауер“ кажаа дека можеме да направиме една регионална конференција на која што ќе говориме за правата на жените, на која што ќе говориме како ние од регионот да дојдеме и да влеземе во европското семејство спроведувајќи ги дел од програмите кој што ги има Европската Народна Партија. Можам да се пофалам дека ние како Унија на жени на ВМРО-ДПМНЕ во нашата програма имаме вклучено дел од програмата која што ја има Европската Народна Партија односно жените од Европската Народна Партија и наша должност и наша задача е да се стремиме тие наши програмски цели, таа наша програмска визија да ја исполниме. Јас сум убедена, гледајќи ве вас и знаејќи ја силата и капацитетот на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ дека ние во таа цел ќе успееме. Ви посакувам убав престој тука, ви посакувам плодна дискусија и би сакала да ги поздравам гостите кои што се од регионот тука, драго ми е што гледам драги и познати лица овде и се надевам дека овие три дена ќе имаме плодна и успешна регионална конференција. Благодарам до „Конрад Аденауер“, благодарам Дорис што успеа да одвоиш време и да бидеш дел од овој настан. Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ _____________________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан