Мицкоски: Инфлацијата не е само висока поради увезената криза
- „Од 2007-тата до 2016-тата БДП во тој период се зголемил за 4 милијарди 185 милиони евра, или околу 418 милиони евра. И кога тоа ќе се спореди со оние јавен долг од просечни 290 милиони евра
Матрицата на владата е на крадење, лажење и многу корупција и криминал. Јавниот долг го зголемија за 2 милијарди и 348 милиони евра, повеќе се задолжуваат отколку што расте бруто домашниот производ и затоа Македонија има висока инфлација сме таму каде што сме парите ги крадат и не ги трошат ненаменски, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „јади бурек“ на ТВ Сонце.
- Дека не зборувам на памет, направив мала споредба во делот на два параметри значајни во економијата, тоа е јавниот долг кој го има државата и бруто домашниот производ, колку државата произведува. Ако го гледате јавниот долг во овие 4 години власт на СДСМ бидејќи 2017 не е земена како заедничка година, со техничката влада, исто и 2006 е таков период. Така ако го анализирате овој 4 годишен период јавниот долг во владата на СДСМ е зголемен за 2 милијарди 348 милиони евра или просечно годишно е зголемен за 590 милиони евра. Во владата на ВМРО-ДПМНЕ од 2007 до 2016, јавниот долг е зголемен за 2 милијарди 893 милиони евра или просечно годишно по 290 милиони евра. Тие 590 милиони евра, а ВМРО-ДПМНЕ по 290 милиони, а не е земена 2022 година, појасни Мицкоски
Мицкоски исто така посочи и дека кога во 2009 година се зеде обврзница од 150 милиони евра и тоа беше шокантно, тогашниот гувернер на Народна банка направи упад што ги дигна каматите и таа обврзница беше под жесток притисок, а тогашната опозиција СДСМ направи таков бунт и напад како да е најголем грев, а сега оваа влада на СДСМ се фали дека земала од ММФ 530 милиони евра.
- За 150 милиони евра имаа бунт, сега се фалат со 530 милини евра и коленичат за еврообврзница една милијарда евра. Во овие 4 години бруто домашниот производ пораснал за 1 милијарда 725 милиони евра или просечно тоа е 430 милиони годишно, а за истиот период долгот се зголемил за 590 милиони, а БДП за 430, салдото на крај е минуси 160 милиони евра. Ја задолжувале државата да ги крадат парите и да ги трошат ненаменски, истакна Мицкоски.
Мицкоски за бруто домашниот производ нагласи дека од 2007 до 2016 за тој период се зголемил за 4 милијарди 185 милиони евра или околу 418 милиони годишно и кога тоа ќе се спореди со јавниот долг доаѓаме до позитивна сметка на крајот од годината од 128 милиони евра.
- Владата на ВМРО-ДПМНЕ се задолжувала, но и ја развивала економијата и затоа бруто домашниот производ растел за 128 милиони евра повеќе од јавниот долг, а владата на СДСМ се задолжува, а бруто домашниот производ не расте и тие се задолжуваат за 160 милиони евра повеќе и затоа сме во оваа ситуација, зошто Македонија има висока инфлација, негативна сметка во трговската размена, изјави Мицкоски.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ __________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.