• петок, 22 ноември 2024

Мицкоски иницира изготвување стратегија за државата во соработка со МАНУ, ја повика опозицијата заеднички да носат одлуки

Мицкоски иницира изготвување стратегија за државата во соработка со МАНУ, ја повика опозицијата заеднички да носат одлуки

Скопје, 23 октомври 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски денеска, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на македонската револуционерна борба, 23 Октомври, рече дека иницира проект за развој на државата кој ќе биде преточен во стратегија до 2050 година. Целите на проектот, како што напомена, ќе се дефинираат во соработка со МАНУ, а на крај, по нивното заокружување, ќе се бара сеопфатен консензус, од сите политички партии и чинители.

Според Мицкоски, станува збор за стратегија „чии цели нема да зависат од лакомоста и незнаењето на политичарите“.

Тој ја повика опозицијата на соработка и заедничко носење одлуки.

-Ајде да се обединиме и заеднички да носиме одуки за иднината зашто друга татковина немаме. Да размислиме стратешки за добро на државата. Секој ваш предлог што е конструктивен ќе го прифатиме. Ако сакаме да успееме, немаме избор, освен да соработуваме и тоа мора да почне веднаш и сега. Површниот пристап кон политиката не доведе до ова дереџе. Иако и левицата и десницата имаат квалитетни луѓе, сепак, не се изнајде сила да се утврди национална стратегија. Времето сега не работи за нас, секој што ќе ви го каже тоа, ве лаже. Времето, како поминува, работи против нас. Ако сите сега не помогнеме заедно, за жал, ќе бидеме територија полна со духови, крстоцница на шверцери на мигранти, зомби држава. Тоа некому му одговара, но нам не, убеден сум дека тоа не му одговара ниту на регионот. Сакам да им порачам на сите подготвени да се борат за овие идеи кои се столбот и кичмата на македонската држава и дека се додека сум премиер ќе бидам вашиот глас. Време е да се покаже дека можеме. Македонија мора да биде повторно горда, безбедна, земја на развој и просперитет каде живеат среќни луѓе, тоа е нашата цел, нагласи Мицкоски. 

Дојдени сме овде да го одбележиме денот на Македонската Револуционерна Борба, ден кој треба да не потсетува, но и освестува дека ние сме минливи, но нашето дело и идеја се тоа кое треба да го

Тој потенцира и дека науката, целите и стратегијата не треба да се етнизираат. 

-На граѓаните им е преку глава од водење на државата „ден за ден“. Мора да се обединиме и да поставиме долгорочни цели за развој. Од кога почнав да се занимавам со политика тврдам дека на ова наше македонско прашање му е потребна енергија. Сметам дека денес дојде денот да почнеме нов, сериозен проект. На овој ден сакам да иницирам проект кој ќе го договори Владата со МАНУ и универзитетската заедница, проект кој ќе биде претрочен во стратегија до 2050 година, со кој ќе се дефинираат развојот на државата, демографските предизвици, економските цели, земјоделскиот, технолошкиот, енергетскиот и транспортниот развој. Да изготвиме стратегија која ќе ја дефинира новата парадигма на современата држава. Ќе побарам широк партиски консенсуз за прифаќање на стратегијата. Таков консензус ни недостига сите овие години, истакна Мицкоски. 

Тој го отвори и прашањето за наталитетот, предупредувајќи дека според последните истражувања, во следнтие 70 години сме на добар пат да исчезнеме како држава. мч/дма/

фото: принт скрин 

Остани поврзан