Мицкоски: За доизградба на болниците во Штип и Кичево се преговара со неколку Влади
- Владата на Република Северна Македонија разговара со Влади на силни западноевропски земји, за да се доизградат болниците во Штип и Кичево, потврди денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицковски кој по отпочнување на доизградбата на градинката во село Таринци во Општина Карбинци одговараше на новинарски прашања. Тој посочи дека веќе тимови на овие земји биле на терен, за да ја видат состојбата со доизградбата на болниците.
Карбинци, 14 декември 2024 (МИА) – Владата на Република Северна Македонија разговара со Влади на силни западноевропски земји, за да се доизградат болниците во Штип и Кичево, потврди денеска претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицковски кој по отпочнување на доизградбата на градинката во село Таринци во Општина Карбинци одговараше на новинарски прашања. Тој посочи дека веќе тимови на овие земји биле на терен, за да ја видат состојбата со доизградбата на болниците.
-Создаваме еден вид на конкурентност. Навистина станува збор за моќни држави, во топ пет држави, една, не е тајна дека е Франција. Јас тоа го зборував со претседателот Макрон на таа билатерална средба и нормално тие што ќе дадат најдобри услови, тие ќе ги прифатиме. Тоа е пракса да се потпишуваат Влада со Влада договори и јас мислам, не мислам, сигурен сум дека ќе биде дел од Клиничката болница во Штип и болницата во Кичево, а потоа продолжуваме и со другите реформи во здравство, изјави Мицкоски.
На новинарско прашање за растот на издадени градежни дозволи за станбени згради и дали станува збор дополнителен подем на градежништвото, премиерот Мицкоски одговори дека претпоставува оти има побарувачка, а кога има побарувачка, мора да се одговори на пазарот. Забележа дека тоа е добро и го радува, бидејќи градежништвото е една од позначајните гранки, која влијае позитивно на економијата и во зголемувањето на Бруто домашниот производ (БДП). вдј/сст/
Фото: МИА