• среда, 27 ноември 2024

Мицкоски - Дрекслер: Германија е наш значаен стратешки партнер и пријател

Мицкоски - Дрекслер: Германија е наш значаен стратешки партнер и пријател

Скопје, 27 јуни 2024 (МИА) - Премиерот Христијан Мицкоски на денешната средба со германската амбасадорка Петра Дрекслер разменил мислења и ставови за тековните политички и економски прашања, како и за напредокот на интеграцијата на државата во Европската унија.

Мицкоски, како што соопшти владината прес-служба, ја нагласил важноста на партнерството со Германија, истакнувајќи дека поддршката од германската страна е од клучно значење за развојот и стабилноста на нашата земја.

-Германија е од наш голем значаен стратешки интерес, партнер и пријател. Нивната поддршка и соработка се од големо значење за нас. Ќе продолжиме да работиме заедно во духот на партнерство и заеднички вредности, изјавил Мицкоски.

Амбасадорката Дрекслер ја потврдила посветеноста на Германија за продолжување на одличната соработка со Северна Македонија и изразила подготвеност за поддршка во клучните реформи и проекти што се предвидени во наредниот период.

Средбата, како што е наведено во соопштението, завршила со согласност за натамошно зајакнување на билатералните односи и интензивирање на соработката во различни области од заеднички интерес. дма/аа/

Фото: Влада

Остани поврзан