• четврток, 09 април 2026

Мицкоски: Во мај-јуни ќе се посветиме на кадровски промени и рокади, дотогаш имаме внатрепартиско реструктурирање

Мицкоски: Во мај-јуни ќе се посветиме на кадровски промени и рокади, дотогаш имаме внатрепартиско реструктурирање

Скопје, 5 април 2026 (МИА) - Да се стрпиме неколку недели или месеци. Додека не бидам сигурен во она што го зборувам, нема да кажам ниту име ниту процес - одговори премиерот Христијан Мицкоски на прашањето дали ќе има промени во владиниот состав и има ли министри од чија работа не е задоволен. 

Како што рече, до крајот на април и почетокот на мај ќе се фокусираат на реструктурирање во партијата што ја предводи, а потоа, во мај-јуни, ќе се посветат на евентуални промени и на договори во коалицијата. 

- Очекувам дека до крајот на април или почеток на мај ќе ја затвориме внатрешната структура и потоа, во мај-јуни, ќе се посветиме на меѓукоалициските договори, на кадровските поместувања, освежувања, институциоанлни рокади - додаде претседателот на Владата. хс/дма/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан