• петок, 08 ноември 2024

Мицкоски: Во Гевгелија ќе се гради капиталниот проект Западен булевар од 85 милиони денари

Мицкоски: Во Гевгелија ќе се гради капиталниот проект Западен булевар од 85 милиони денари

Скопје, 6 јануари 2022 

Промените во Гевгелија веќе се чувствуваат. Гевгелија покажа како се работи. И покрај наталожените проблеми, заборавените потреби на граѓаните и предизвиците во кои што ја втурнаа цела држава, покажавме дека со чесност и посветеност може да се решат многу проблеми, изјави во своето обраќање градоначалникот на Општина Гевгелија Андон Сарамандов, во кампањата „Промените на дело“ во организација на ВМРО-ДПМНЕ.

- Гевгелија добива нова атмосферска канализација во градот во должина од 6.500 метри, Негорци и Прдцејци добиваат нов водоснабдителен систем, реализирани се две нови мултифункционални спортски игралишта за младите и Младински дом во Прдејци, истакна тој.

Сарамандов додаде дека во новата година се влегува со уште поголем ентузијазам и желба за надминување на заедничките проблеми.

- Годинава заедно го креиравме буџетот,  а со него бараме начин за исполнување на најголемото барање на младите гевгеличани, градски паркови со урбана опрема.  Годинава започнуваме и со изградба на Западен булевар во Гевгелија, доизградба на градинката „Сончогледи“ за што ќе бидат издвоени 11 милиони денари од буџетот на општина Гевгелија, а 24 милиони денари се планирани за реконструкција на Младинските домови во Моин и во Богородица, буџет и за нов пазар во Миравци.  Во тек на реализација е и стационарот за бездомните животни и верувајте тука нема да застанеме, рече Сарамандов.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потенцираше дека Сарамандов и неговиот тим годинава ја оправдаа довербата на гевгеличани, се вложија себе си за Гевгелија да ги доживее промените.

- Со задоволство присуствував на отворањето на Младинскиот дом. Оваа година верувам дека посветено ќе го исполни дадениот збор, а тоа е почеток на изградба на Западниот булевар. огромен капитален проект чии што две фази чинат 85 милиони денари. И тука знам дека нема да застане бидејќи Гевгелија заслужува, граѓаните мора да се чувствуваат достоинствени и горди на својот град. Тоа ја враќа вербата дека може и мора поинаку, дека зборот во Македонија вреди и дека со чесност и посветеност ништо не може да ги спречи Промените на дело, изјави Мицкоски.

_____________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан