• вторник, 24 декември 2024

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е реформирана партија, над 90 проценти се нови кандидати на овие локални избори

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е реформирана партија, над 90 проценти се нови кандидати на овие локални избори
Скопје, 22 септември 2021
„ВМРО-ДПМНЕ е државотворна партија. И генерации и генерации на наши сограѓани поминале низ структурите на ВМРО-ДПМНЕ, многу пратеници, многу министри, многу директори, многу активисти, многу членови, луѓе кои што навистина оставиле сериозен печат во функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија“, истакна вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при гостување во емисија на ТВ Шења. Мицкоски додаде дека денес во Парламентот пратеничката група се состои и од пратеници на кои што им е прв мандат. „Во Парламентот имаме една пратеничка група која 90% е на пратениците им е прв мандат. Нормално е дека имаме и неколкумина поискусни поради потребата од институционалната меморија“, појасни Мицкоски. Мицкоски посочи дека ако се погледнат кандидатите сега за градоначалници може да се увиди дека повеќе од 95% за прв пат ќе ја бараат довербата на граѓаните во општините во кои што тие се кандидираат. „Ако ја погледнете структурата на ВМРО-ДПМНЕ комисиите, Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата на ветерани, ако ги погледате општинските комитети ќе видете дека тоа се луѓе кои што за прв пат се дел од тие структури“, рече Мицкоски. Мицкоски укажа дека со овие локални избори заврши реформата во ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
_________________________________________________________________
МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан