• четврток, 19 декември 2024

Мицкоски: Власите секогаш давале придонес во заедничкиот развој и во трасирањето на заедничката иднина

Мицкоски: Власите секогаш давале придонес во заедничкиот развој и во трасирањето на заедничката иднина

Скопје, 23 мај 2021 (МИА) - Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска им го честита на припадниците на етничката влашка заедница 23 Мај - Националниот ден на Власите.

-На сите припадници на влашката етничка заедница, во име на ВМРО-ДПМНЕ и во свое лично име, Ви го честитам 23 Мај - Националниот ден на Власите и ви посакувам добро здравје, многу љубов и многу среќа во Вашите семејства, нагласи Мицкоски во честитката.

Истакна дека ова е важен ден за влашката заедница, бидејќи ја одбележува влашката култура и традиција, слогата и соживотот граден со децении наназад на територијата на Македонија.

-Власите во Република Македонија секогаш давале придонес во заедничкиот развој и во трасирањето на заедничката иднина. Се надевам дека тешките мигови кои ги наметна оваа ненародна власт во време на економска неизвесност, здравствена криза и несигурност ќе поминат. Подобри денови ќе дојдат кога оваа ненародна и неодговорна власт што поскоро си замине. Сакам да изразам надеж дека и во иднина заеднички ќе продолжиме да ја градиме нашата држава, да создаваме иднина за следните генерации. Нека Ви е честит и за многу години 23 Мај - Националниот ден на Власите!, напиша Мицкоски во честитката. ац/

Остани поврзан