• четврток, 15 јануари 2026

Мицкоски - Владев: Свети Николе се менува, граѓаните добија мултифункционално спортско игралиште, улици се асфалтираат, децата имаат детско катче

Мицкоски - Владев: Свети Николе се менува, граѓаните добија мултифункционално спортско игралиште, улици се асфалтираат, децата имаат детско катче
Скопје, 22 јули 2022 Почитувани, Денеска во Свети Николе е претседателот на ВМРО-ДПМНЕ господинот Христијан Мицкоски и да му кажеме и презентираме што има сработено Општина Свети Николе, јас како градоначалник во претходните 7-8 месеци. Значи имаме доста почнати и завршени проекти, а некои допрва ќе почнат да се реализираат. Значи да почнеме од тука, каде што сме во Градскиот парк, значи направивме комплетно ново детско катче од сопствени средства. Претходно немаше никакво, т.е. беше руинирано. И овде навечер има толку деца што се покажа огромно задоволство и од децата, но и од родителите. Како што ветивме во претходниот период патеката покрај речното корито конечно е осветлена со нови содржини, нови клупи, канделабри. Ставени се тука буквите на Свети Николе, кое што е многу интересно обележано, и сите посетители, па и жители на Свети Николе се сликаат тука. Ставивме погоре чадори, кои што исто е интересно за посетителите, направивме мултифункционално спортско игралиште каде што љубителите на спортот секојдневно си ги обавуваат своите спортски активности. А, во моментот имаме и турнир во мал фудбал. Почнавме со асфалтирање на улиците, значи претходниот месец извршивме комплетно асфалтирање со тротоари во должина од 3.6 километри потегот е од Рудина до населба Бел Камен. Во моментов привршува ставањето на вториот слој од 12 сантиметри асфалт со комплетно променета водоводна, канализациона мрежа, нови тротоари и улично осветлување каде што има три улици по место викано Лозов расадник, три улици и два крака. Значи тој потег што беше место каде што има нови куќи, нови населби немаше ништо претходно, еве за неколку месеци успеавме да го оживееме и да заличи стварно на урбано место за живеење како што и доликува. Продолжуваме со крпењето на улиците, значи крепење на улици не го правевме како претходно сечеме дупки и ставаме асфалт, туку правиме цели потези барем од 20 до 30 метри за да биде потрајно. Во текот на август месец ќе почне поставувањето на тротоари односно бекатон во должина некаде спрема тендерот околу 2 милиони денари од сопствени средства. Очекуваме во првата половина на месец август да биде пуштена во употреба новата пожарна станица, која што е донација од Американската амбасада во висина од 460.000 долари. Потегот на регионалниот на територијата на општина Свети Николе од 1.623 метра е комплетно завршено. Сега преостанува работата на територијата на општина Лозово. До крајот на август месец треба да биде завршен водоводот во село Орел. Завршена е канализацијата во цело Пеширово, после илинденските празници преминуваме кон секундарно односно поврзување на домаќинствата на канализационата мрежа. Балон салата во село Ерџелија треба да заврши до 15-ти октомври. Очекуваме од месец септември да почнеме со реализација на проектите патишта во село Буриловци и село Црнилиште, и оние улици во Свети Николе каде што се има и се уште има коцки да направиме нормално асфалтирање. Очекуваме да почнеме и со проектите околу новиот парк од септември, октомври, ноември месец чија реализација треба да биде до крајот на наредното лето со ново детско катче, ново баскет игралиште итн. каде што мислам дека светиниколчани ќе бидат посебно горди. И за наредната година најавуваме дека во секое село посебно во Ерџелија, Забегово, Пеширово ќе има асфалтирање барем на една улица. Заборавив да кажам дека е пуштен тендерот кој што треба да заврши во наредните неколку дена, а за канализација втора фаза во село Мустафино во вкупен износ од 6.8 милиони денари од кои што се половина од животна средина, половина од Општина Свети Николе итн. итн. Се на се можеме да кажеме дека ни претстои период на работа и само работа, која што нормално можат да ми извинат нашите сограѓани за 7-8 месеци работиме толку колку што работиме и да најавам дека некаде за две ипол максимум до три години целата програма која што беше ветена пред граѓаните од предизборниот период ќе биде комплетно реализирана. Дејан Владев, градоначалник на општина Свети Николе   Мицкоски: Континуирано се гради во Свети Николе, водоводи, нов асфалт, детски игралишта, ќе се реализираат и проекти кои не беа ветени кои ќе значат поквалитетен живот за жителите Денеска сме повторно овде во Свети Николе, градоначалникот Дејан кажа за проектите кои што се во тек. Имаме интересна прогноза дека за 2,5 до 3 години целата програма која што беше дел од предизборната кампања ќе биде реализирана и навистина се радувам што тоа е така.  Така што ќе имаме можност повеќе од година дена за да реализираме проекти кои не беа ветени, а  сигурно тоа ќе го ценат граѓаните на Свети Николе. Слушнавме дека стотици километри водовод, канализација, асфалт, нови детски игралишта, проекти кои генерално новата администрација предводена од градоначалникот Дејан Владев ги има реализирано и тоа е добро. Добро е   да се продолжи во таа насока, затоа што тоа им треба на граѓаните за да направат разлика од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои континуирано градат и оние кои денеска се уште се во владата и кои што континуирано крадат. Таа разлика е многу значајна да се направи затоа што ни претстојат избори во периодот кој следи, предвремени парламентарни избори и тогаш треба да се направи суштинска разлика за да можеме заеднички со ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните да ја градиме Македонија. А овие кои ја крадеа Македонија да одговараат за тоа што го направија. Не ми преостанува ништо друго освен да му честитам на Дејан и тимот кој работи со него во општина Свети Николе, да им посакам уште многу вакви проекти дадениот збор да си го одржат, за 2,5 до 3 години откако ја презема функцијата градоначалник да ја реализира програмата која ја ветуваше на изборите и да реализира и други десетици проекти кои ќе значат поквалитетен живот за жителите на Свети Николе. Живееме во време како во Бејрут во најлошите времиња, така отприлика функционира моментално Македонија. Тотално безредие, а тоа е така затоа што тие кои треба да го спроведуваат редот, ги водат луѓе коишто се во директен договор со криминалот и луѓето со сомнително досие, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета во Свети Николе, одговарајќи за запалените возила на функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп. Мицкоски истакна дека тоа што се случува во Прилеп, најпрвин на директорот на комуналното претпријатие му беше опожарено возилото, па потоа на пратеникот Петар Ристески, па потоа на еден од вработените, раководител на сектор во општината, е само доказ имаме работа со насилници. - Информациите се дека две лица се приведени, периферни лица кои немаат никаква врска со случаевите ниту се поврзани некако. И двајцата се познати престапници на законите во Прилеп и прилепчани ги знаат, потенцираше Мицкоски. Тој нагласи дека наместо да се гонат вистинските извршители, а уште поважно инспираторите и нарачателите на сето ова, ние се занимаваме со пердуви расфрлање и периферни личности кои немаат никаква врска со суштината. Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ ———————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан