• среда, 23 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Мицевски: Филипче да знае, никој нема да заборави дека тепачот Акиов по негов налог направи инцидент во Кочани

Мицевски: Филипче да знае, никој нема да заборави дека тепачот Акиов по негов налог направи инцидент во Кочани

Скопје, 24 јуни 2025

Филипче да знае, никој нема да заборави дека тепачот Акиов по негов налог направи инцидент во Кочани.

Колку и да се крие Венко Филипче, колку и да бега од одговорност и да не го повикува да си поднесе оставка советникот тепач од Кочани, народот нема да заборави на ужасните сцени од Советот во Кочани.

Додека цела Македонија сè уште е трогната, Венко Филипче собира политички поени.

Филипче мисли дека ако создаде дестабилизација во Кочани, ќе инкасира некој политички поен, но дебело се лаже.

Тепачот Акиов е демаскиран. Сите знаат дека е човек од доверба на Заев и Филипче.

Филипче ќе плати политичка цена за обидот за дестабилизација и манипулација на народот.

Јане Мицевски, пратеник и член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ

_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

 

Фото ВМРО-ДПМНЕ

Остани поврзан