Мицевски - Ле Риголер: Собранието двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди
- Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска оствари средба со амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер и првиот советник Филип Маршето.
Скопје, 19 февруари 2026 (МИА) - Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денеска оствари средба со амбасадорот на Франција, Кристоф Ле Риголер и првиот советник Филип Маршето.

Собраниската прес-служба соопшти дека во фокусот на разговарале биле заложбите на владејачкото мнозинство за бескомпромисна борба против корупцијата и остварување видлив економски развој за граѓаните и земјата.
- Дополнително, координаторот Мицевски ја истакна подготвеноста на Собранието и понатаму да биде силен двигател на реформските процеси кои не’ приближуваат до европските стандарди. Во разговорот се нагласи дека заедно со нашите европските пријатели чекориме кон градење на просперитетна и сигурна европска иднина за сите, се вели во соопштението.лв/бак/
фото: Собрание