• среда, 20 ноември 2024

Михајловиќ го доби случајот со Спортинг Лисабон и пред Судот во Лозана

Михајловиќ го доби случајот со Спортинг Лисабон и пред Судот во Лозана

Лозана, 29 март 2020 (МИА) - Судот за спортска арбитража во Лозана (ЦАС) донесе одлука во корист на Синиша Михајловиќ во спорот со Спортинг Лисабон. Португалскиот клуб е обврзан да исплати три милиони евра на српскиот тренер до крајот на април за раскинот на договорот за соработка по само девет месеци во 2018 година.
Во периодот меѓу потпишување на договорот на Михајловиќ со клубот, во Спортинг се одржаа избори што резултираа со смена на претседател, а новиот прв човек на тимот од Лисабон дека Србинот нема да биде тренер на првата екипа.
Михајловиќ се обиде, но не успеа да се договори со новото раководство, па заштита на своите права мораше да побара пред ЦАС. сѓд/

Остани поврзан