• среда, 27 ноември 2024

Митрески: Нова собраниска седница најверојатно на 14 септември, опозицијата да делува конструктивно

Митрески: Нова собраниска седница најверојатно на 14 септември, опозицијата да делува конструктивно
Скопје, 30 август 2022 (МИА) - Новата седница најверојатно ќе биде на 14 септември, а во тој период комисиите треба да ги разгледаат законите кои ќе бидат на таа седница, информира координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески на денешната прес-конференција во Собранието по координацијата со спикерот Талат Џафери. Тој посочи дека најверојатно пред тоа ќе има уште една свечена седница на која ќе има обраќање странски претседател на држава. Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, според Митревски, одбила да присуствува на денешната координација и изрази надеж дека тој однос во иднина ќе се промени. - Денеска направивме обид за контакт со опозицијата, се уште не е остварен, најверојатно Комисијата за избори и именувања ќе продoлжи утре или задутре, рече Митревски одговарајќи на прашање кога ќе продолжи оваа Комисија со работа. Митревски ги повика претседателите на комисиите да продолжат да работат според тоа што им го наложува Деловникот. - Сите пратеници како избраници од граѓаните треба да работат одговорно и посветено во интерес на граѓаните. Во услови на глобални предизвици уште поголема е одговорноста на Собранието и на секој пратеник. Очекувам секој пратеник да даде придонес за функционално Собрание, рече Митревски, додавајќи дека парламентарното мнозинство останува посветено на работата. Ја повика опозицијата наместо со блокади да делува конструктивно и одговорно. - Наместо активна и пасивна блокада, потребен е функционален и ефикасен Парламент. Да не се дозволат блокади на важни закони за граѓаните, нагласи Митревски додавајќи дека сите прашања за кои има деловнички можности за разгледување ќе ги разгледуваат на работните тела. вг/мс/    

Остани поврзан