• понеделник, 23 декември 2024

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ не знае што да направи во Собранието, блокада без компас на штета на државата

Митрески: ВМРО-ДПМНЕ не знае што да направи во Собранието, блокада без компас на штета на државата

Скопје, 10 мај 2022 

ВМРО-ДПМНЕ не знае ниту што да направи ниту каде тера со блокада во Собранието, ја напуштаат собраниската сала затоа што се затечени од тоа што им прифативме предлози, рече денеска координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески.

-Од 46 точки, имаат 37 предлози за дневен ред за дополнувања и измени. Очигледно ги збуни тоа што дел од предлозите им ги прифативме и пратениците мора да ја напуштаат седницата за да се договорат што да прават. Мора меѓу себе да се договорат кој која точка ќе ја предложи затоа што еве им ги прифативме предлозите. Ја напуштаат салата собраниска и не знаат што да направат веќе во Собранието, рече Митрески.

За транспарентите на опозицијата координаторот на пратеничката група на СДСМ, Јован Митрески, рече дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ треба да ги однесат во белата палата.

-Овој транспарент („За спас од сиромаштијата“) пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да го однесат во Белата палата, во дувлото на криминалот, на криминалната банда којашто ги опљачка, ги згази граѓаните и државата. Во палатата во која има теписони од 100.000 евра, плочки од 120.000 евра, мермери од 200.000 евра и таму ова да го закачат, рече Митрески.

Центар за комуникации со јавноста на СДСМ ————————————————————————————————————————— МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан