• понеделник, 22 јули 2024

Митревски стигна во Стара Пазова, македонската репрезентација се комплетира

Митревски стигна во Стара Пазова, македонската репрезентација се комплетира

Стара Пазова, 26 декември 2023 (МИА) – Македонската ракометна репрезентација комплетна ги продолжува подготовките на настап на Европското првенство 2024.

Денес на тренинзите се приклучи голманот Никола Митревски, кој ги заврши обврските кон својот клуб Порто за оваа година.

- Нашиот голман, Никола Митревски се приклучи на тимот. Среќни сме што си тука Никола, објави Ракометната федерација на Македонија на својот профил на Фејсбук.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров на 30 декември ќе се вратат во Скопје каде ќе продолжат со втората фаза на подготовките.

Македонската репрезентација на ЕП е во група со Франција (12 јануари), Германија (14 јануари) и Швајцарија (16 јануари). зс/

Фото: РФМ

Остани поврзан