Митревски: Верувам дека можеме повеќе да дадеме
- Еден од најталентираните македонски кошаркари Андреј Митревски се најде во подмладениот ростер на нашата сениорска репрезентација. Младиот бек ги искажа очекувањата за утрешниот натпревар со Унгарија.
Шолнок, 8 август 2025 (МИА) – Еден од најталентираните македонски кошаркари Андреј Митревски се најде во подмладениот ростер на нашата сениорска репрезентација. Младиот бек ги искажа очекувањата за утрешниот натпревар со Унгарија.
- Против Унгарија, треба да се држиме до планот, да играме агресивно во одбраната. И најбитно, да заградуваме под кошевите, бидејќи тоа беше најголемиот минус, зошто го загубивме натпреварот против Ромнија. Секако дека очекувам победа, бидејќи верувам дека можеме повеќе да дадеме. И мислам дека од тренинг во тренинг растеме како екипа бидејќи сме нова, млада екипа, така што очекувам се подобри и подобри резултати понатаму, порачува Митревски пред вториот меч од претквалификациите.
Натпреварот Унгарија – Северна Македонија ќе се игра утре во Шолнок со почеток во 18 часот. зс/
Фото: КФСМ