• петок, 13 јуни 2025

Митески: Арсовска побрзо праќа адвокати и деманти отколку камиони за отпад

Митески: Арсовска побрзо праќа адвокати и деманти отколку камиони за отпад

Скопје, 16 мај 2025 

Очигледно е дека кога ќе се соочи со критика, градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска побрзо праќа адвокати и деманти отколку камиони за отпад. Формалната игра со титули не ја менува реалната слика на терен – улиците се преполни со ѓубре, а јавните претпријатија се нефункционални, реагира в. д. градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески.

Ако Арсовска не е одговорна за состојбата во ЈП „Комунална хигиена“, тогаш кој е? Дали со ова признава дека можеби градот нема никаков надзор врз службите што треба да го одржуваат Скопје чист?, прашува Митески.

Граѓаните на Аеродром и на целиот град не сакаат политичка игра на зборови – сакаат функционален систем и чиста околина. Наместо да се крие зад прес-соопштенија, Арсовска треба конечно да излезе на терен, да се соочи со реалноста и да почне да работи.

Градот не се води од фотелја, туку со резултати. А тие се – очајни.

Службите на општина Аеродром продолжуваат интензивно да работат во интерес на граѓаните, а за тоа говорат и фотографиите во прилог.


Општина Аеродром

________________________________________________________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Фото: Општина Аеродром 

Остани поврзан