Митески: Аеродром ќе добие нова спортска сала, зад ФФМ со неколку спортски терени
- Спортот добива нов дом во Аеродром. Со министерот за спорт - Борко Ристовски најавуваме изградба на нова спортска сала во Аеродром, во вредност од повеќе од 1 милион еврa и со поддршка од Министерството за Спорт и Владата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се пренесува изјавата на кандидатот за градоначалник на Аеродром Дејан Митески, кое МИА го објавува интегрално.
Скопје, 28 октомври 2025 (МИА) - Спортот добива нов дом во Аеродром. Со министерот за спорт - Борко Ристовски најавуваме изградба на нова спортска сала во Аеродром, во вредност од повеќе од 1 милион еврa и со поддршка од Министерството за Спорт и Владата, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ во кое се пренесува изјавата на кандидатот за градоначалник на Аеродром Дејан Митески, кое МИА го објавува интегрално.

Лоцирана зад ФФМ, ќе содржи неколку спортски терени и ќе биде вистински поттик за младите генерации да се занимаваат со спорт.
Само така градиме здрави и успешни генерации.
ВМРО-ДПМНЕ