• петок, 05 декември 2025

Митев: Сплотеноста и посветеноста ќе ни донесат резултати

Митев: Сплотеноста и посветеноста ќе ни донесат резултати

Скопје, 27 јули 2025 (МИА) – Репрезентативниот бек од Алкалоид, Марко Митев ги искажа своите очекувања за новата сезона. 

Митев кој за кратко време ја освои ракометна Македонија со својата пожртвуваност, бескомпромисност и неспорен квалитет, новата сезона ја почнува со тренинзи дизајнирани за побрза рехабилитација и враќање на терените по тешката повреда на коленото.

- Секој од нас посветено работи и се подготвува за претстојната сезона. Условите за работа во РК Алкалоид, како и до сега, се врвни, исклучително професионални и се на највисоко ниво. За тоа зборуваат и досегашните резултати и постигнувања на екипата. Стручниот тим ни е максимално посветен. Заеднички и напорно работиме сите, а секој со својот ангажман и квалитет придонесува екипата да биде максимално спремна за сезоната што ни претстои. Во тимот има одлична хемија и сплотеност, посветени сме на тренинзите и се надополнуваме еден со друг. истакна Митев.

Ракометарите на тимот од Автокоманда утре заминуваат во Маврово, а потоа ги очекуваат неколку контролни натпревари во Србија, Хрватска и Словенија. зс/

Фото: РК Алкалоид

Остани поврзан